Нема купувачи ни за нови ни за половни возила

Bez autora
Sep 17 2012

Плацови за половни возила низ државава никнуваат како печурки. Ако порано таму имаше по десетина автомобили, сега се преполни. Се продава с`и сешто од „опел“ до „мерцедес“, а цените се приспособуваат за секој џеб. Главно се увезени од Италија и во Словенија, но не е мал бројот и на тие што во државава влегле преку Бугарија. Според официјални информации од Царинската управа, само во првите шест месеци од годината во државава влегле 20.376 половни возила. Ако на тоа се додаде и минатогодишната бројка од 42.527 автомобили, се добива фрапантна бројка за големина на пазар како македонскиот. Затоа и се поставува прашањето дали има доволно купувачи за огромниот број автомобили, кои секојдневно влегуваат и дали стануваме депонија за евтините европски возила? За сметка на увозот на половните возила паѓа увозот на нови возила и тоа за цели 24 отсто во споредба со минатата година за истиот период. Но, освен увозот, таму е опадната и продажбата.

Нема купувачи ни за нови ни за половни возилаПлацови за половни возила низ државава никнуваат како печурки. Ако порано таму имаше по десетина автомобили, сега се преполни. Се продава с`и сешто од „опел“ до „мерцедес“, а цените се приспособуваат за секој џеб.

Главно се увезени од Италија и во Словенија, но не е мал бројот и на тие што во државава влегле преку Бугарија. Според официјални информации од Царинската управа, само во првите шест месеци од годината во државава влегле 20.376 половни возила. Ако на тоа се додаде и минатогодишната бројка од 42.527 автомобили, се добива фрапантна бројка за големина на пазар како македонскиот. Затоа и се поставува прашањето дали има доволно купувачи за огромниот број автомобили, кои секојдневно влегуваат и дали стануваме депонија за евтините европски возила? За сметка на увозот на половните возила паѓа увозот на нови возила и тоа за цели 24 отсто во споредба со минатата година за истиот период. Но, освен увозот, таму е опадната и продажбата.

Сопствениците на плацови за половни возила велат дека над 25.000 возила чекаат купувачи. Според нив, последниве неколку месеци драстично е опадната заинтересираноста на граѓаните да купат стар автомобил. Причина за ова е неконтролираниот увоз, кој го блокира малиот македонски пазар. Сега има огромна понуда, но нема купувачи. Најмногу се бараат автомобили со италијански таблички, а втори на листата со најбарани се возила возени во Германија и во Холандија. Најмалку се бараат автомобили од Словенија и од Бугарија.

- Во 2011 година во земјава влегоа над 40.000 автомобили од цела Европа. Годинава бројката ќе биде слична судејќи по полугодишните бројки. С` почесто се случува приватни лица да увезуваат по неколку камиони половни коли. Kрајната цена до регистрација им се движи од две до четири илјади евра, во зависност од состојбата на возилата и од годината на производство - велат во една скопска шпедиција. Притоа најчесто како увозници се јавуваат граѓани, кои потоа автомобилите ги оставаат за препродажба на некој автоплац.

Сопствениците на плацови велат дека цените на возилата се од 1.500 до 3.000 евра, но куповната моќ на граѓаните е многу мала и немаат пари ниту за оваа категорија на возила.

- Возилата се со стандарди Евро 2- произведени од 1997 до 2000 година. „Опел корса“, која е увезена по цена од 900 до 1.000 евра, се продава по цена од 1.500 до 2.000 евра. Трошоците по увозот се царина од 300 до 500 евра, хомологација, ТУВ (организација за сертифицирање) и превод на документи - околу 200 евра. Ако се додаде и нашиот ќар, цените се околу 2.000 евра - вели сопственикот на плацот.

Тие објаснуваат дека конкуренцијата си го направила своето и сега граѓаните имаат избор, па бараат исклучително сервисирани половни возила, по можност со сервисна книшка. Вакви може да се увезат само од Италија или евентуално од Германија, каде има регистрирани салони за половни автомобили. Многу малку се продаваат старите возила од Словенија и од Бугарија бидејќи тоа се најчесто возила што од европските држави биле увезени во Словенија или Бугарија, а потоа од таму завршиле кај нас, и тоа најчесто со километража што не е оригинална.

Освен половни автомобили, се увезуваат и половни минибуси, автобуси и камиони. Но, и кај нив како и кај автомобилите опаднати се и увозот и пласманот.

Неопходна е оригинална сообраќајна книшка

За да се регистрира увезено возило, тоа треба да ги исполнува хомологациските услови. Царинската постапка се спроведува и давачките се плаќаат пред да се изврши техничкиот преглед. Ако возилото не ги исполнува овие услови, увозникот нема да може да го регистрира возилото и ќе се соочи со големи непотребни трошоци за враќање во странство. При царинење на возилото, неопходна е оригинална сообраќајна книшка за возилото и изјава за вредност ако возилото подолг период е во сопственост на увозникот или купопродажбен договор, фактура и сл. За да може да се утврди царинската вредност, потребно е да се достават податоци за патнички возила: вид, марка, модел, тип возило, погонско гориво, број на врати, година на производство, работна зафатнина на моторот, силина на моторот и слично. Дури потоа се оди на технички преглед и возилото добива македонски таблички.

Увоз со Евро 2 уште четири години

Владата засега не планира забрана за увоз на половни автомобили со стандарди Евро 2. Според законот, вакви автомобили ќе може да влегуваат преку граница и следните четири години. По овој рок ќе може да се увезуваат само возила со стандард Евро 3.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik